Производите можат да се вратат или заменат за друг производ во законскиот рок од 14 дена по приемот на пратката, под услов производот да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања и етикета.
Клиентот може или не мора да ги наведе причините за размената.
Во случај на замена на производот за друга големина, продавачот е должен да изврши замена доколку тој производ е на залиха. Доколку купениот производ за кој се бара замена не е на залиха, продавачот е должен да го замени производот со друг производ по барање на купувачот со можна доплата или враќање на разликата во цената.Во случај да нема можност за замена продавачот е должен да му ги врати парите на купувачот,а трошоците за враќање се на товар на купувачот.
За валидни поплаки, продавачот www.sarafashion.mk ги сноси сите транспортни трошоци.
Гаранцијата не важи во случај на дефект предизвикани како резултат на неправилна употреба.
Потрошувачот не може да го користи правото на повлекување во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштита на здравјето, а се отворени по испораката. Тоа се килоти, боксерки, мидери, хулахопки и чорапи.
Правото на повлекување од договор може да го остварите со пополнување и испраќање на Образецот за повлекување од договор, кој е достапен на следниот ЛИНК или со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го на е-маил на webshop@sarafashion.mk или обратете ни се телефонски на (0)2 32 18 388 или 070 231 608. Со поднесување на известување за повлекување од договор се согласувате од наша страна да бидат обработувани Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска сметка, кои се неопходни за цели на постапување по Вашето известување за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации прочитајте во делот Политика за приватност.
Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Враќањето на производите или откажување на нарачката може да се направи исклучиво онлајн и не е можно физички да се врати производот во малопродажните објекти без предходна комуникација и договор со онлајн операторите преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре.
РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД
Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот.
ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА
Во случај на повлекување/замена на производот трошокот за враќање/достава на нов производ е 120 денари со вклучен ДДВ, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/заменува.
Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.
НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за повлекување од договор и враќање на производи.