Search
Filters

Terms of return

Во рамки на своите заложби за заштита на правата на потрошувачите, како и унапредување на довербата во онлајн трговијата,Sara Fashion на корисниците како купувачи им ги гарантира следните права:

  • Право на враќање на производот во рок од 15 дена од приемот, во случај истиот да има недостаток или да не одговара на описот објавен за него на sarafashion.mk, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за враќањето ќе ги сноси продавачот и
  • Право на замена на производот во рок од 15 дена од приемот во случај истиот да има соодветен квалитет, но да да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси купувачот.

Можностите за враќање и замена ќе можат да се остварат само и единствено доколку производот биде вратен неупотребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и задолжителна фактура која на купувачот му била дадена заедно со производот.