Search
Filters

Сара Фешн и студентите од УКИМ Економски факултет Скопје

Friday, December 7, 2018

Сара Фешн со задоволство им дава поддршка на младите преку проекти и соработки со образовните институции каде што меѓусебно учиме сите.

Токму поради тоа, во соработка и покана на проф. Д-р Ежени Брзовска, во склоп на предметот “Односи со јавноста“ при УКИМ – Економски факултет Скопје, пред неколку седмици ја претставивме нашата компанија Де-Та Дејан и нејзините брендови на апсолвентите од департманот Маркетинг. Истите имаа предизвик да изработат проектни задачи за воведување на нов поизвод преку спроведување на истражувања и креирање на маркетинг кампањи.


Повеќе од задоволство е да се соработува со ентузијасти, млади и желни лица за знаење.

Најдобрите проекти се издвоија, а сите студенти беа наградени со подароци и признанија. Дел од идеите со задоволство ќе учествуваат во процесот на можна имплементација.


Благодарност до проф. Ежени Брзовска, апсолвентите од департманот Маркетинг и Економскиот факултет Скопје.


Се надеваме на заедничка реализација на идеи и успешни соработки во иднина!
Ваш #SF

Leave your comment