Search
Filters

Privacy policy

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на Интернет страницата www.sarafashion.mk и кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Де-Та Дооел Скопје. Де-Та Дооел како давател на услугите на Интернет страницата www.sarafashion.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците.

Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира Де-Та Дооел Скопје и како истите ги користи. Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со приватноста на податоците можат да испратат e-mail на следната адреса: info@detasocks.com

Правото на приватност и заштитата на личните податоци на корисниците претставува приоритет заДе-Та Дооел Скопје..Де-Та Дооел Скопјепосветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија и стандадрите кои постојат во рамките на компанијата. Со цел да го промовираме воспоставениот концепт за заштита на приватноста и да го појасниме начинот на којшто вршиме обработка на личните податоци на посетителите, при нивната посета или регистрација на нашата интернет-страница изготвивме Политика за приватност.

 

Кои лични податоци ги обработуваме?

Sara Fashion има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат имиња, локација, адреса на е-пошта, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на Sara Fashion веб- сајтот.

Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни за доставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на Sara Fashion веб- сајтот се неопходни за регистрација на Корисникот, а според тоа и за пристап до Корисничките услуги за кои е потребна регистрација. Не доставувањето на овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основа за прекин на соодветната регистрација, еднострано од страна на Sara Fashion, согласно Условите за користење.

Покрај погоре наведените информации, Sara Fashion има право (но не и обврска) автоматски да зачувува одредени информации кои компјутерот или терминалниот уред ги испраќа до Серверите на Sara Fashionво врска со Корисничката активност. Информациите се чуваат во лог-датотеки на Серверите на Sara Fashionи може да опфаќаат информации за веб-страницaта на Sara Fashion веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-сајтови кои го пренасочиле Корисникот на Sara Fashion веб-сајтот, веб-сајтови кои Корисникот ги посетил преку Линкови кое се презентирани на Sara Fashion веб-сајтот, датум и време на тие посети, IP-адреса на Корисникот, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на Sara Fashion директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на Sara Fashion веб-сајтот, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на Sara Fashion веб-сајтот, итн. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на интернет-страниците според Вашите потреби и навики. „Cookies“ се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од страна на веб-серверот. Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“ можат да бидат искористени само за потребите на веб- услугата и тоа на начин на којшто Вашата приватност нема да биде загрозена. Вашите лични податоци ги обработуваме само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашиот интернет портал заради користење на производи и услуги преку виртуелните електронски продавници. Напомнуваме дека при електронската наплата на сметки, податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска.

За кои цели?

Вашите лични податоци ги обработуваме со цел да Ви овозможиме online-користење на нашите услуги. Притоа, Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност. Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци кои не се лични, а се складирани на нашата страна.

 Откривање на личните податоци

Sara Fashion  се обврзува да не открива какви било лични податоци и други информации за Корисникот или за неговото/нејзиното користење на Услугите, како и да не ги открива прибраните податоци на трети лица - надлежни органи, компании, поединци и други, освен:

- кога тоа е предвидено во оваа Политика или во Условите за користење или кога корисникот ќе даде јасна согласност во моментот на регистрацијата или подоцна;

-кога тоа е потребно заради исполнување на некоја законска обврска на Sara Fashion.

-кога информациите ги бараат државни власти, судски власти или службени  лица, кои согласно важечкиот закон се овластени да бараат и прибираат такви информации во согласност со законските процедури и прописи;

-кога откривањето на личните податоци од страна Sara Fashion е неопходно заради заштита на правата, правните интереси и угледот на Sara Fashion, т.е кога тоа е поврзано со лицата од Sara Fashion или Корисниците;

-кога информациите им се откриваат на вработените или соработниците на Sara Fashion заради активности поврзани со администрирање на Sara Fashion и  користење на Услугите;

-во други случаи утврдени со закон;

Обработка на Вашите лични информации

Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме корисничките лични идентификациони информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштита на личните податоци, како и останатата важечка регулатива.

Кои се Вашите права?

Доколку сте регистрирани на нашите интернет-страници, врз основа на Ваше писмено барање имате право:

  • да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или
  • да пристапите до Вашите лични податоци и
  • да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.
  • право да започне постапка пред надлежен суд за да си ги заштити правата што му се доделени согласно законите што се на сила.

Сигурност и заштита

Sara Fashion обраќа големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, Sara Fashionги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Промени на оваа Политика за приватност

Де-Та Дооел-Скопје го задржува правото во секое време да jа измени или да ја дополни оваа Политика за приватност. За секое нејзино изменување или дополнување ќе биде поставено видливо известување на оваа интернет-страница.

Контакт

Доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следните електронски адреси:

                                 Де-Та Дооел,нас. Илинден ул.34 бр.32 Скопје, Република Македонија

                                                                  Телефон: +389 23 224 251

                                                                Е-адреса: info@sarafashion.mk

 Напоменуваме дека електронската адреса од којашто ќе не` контактирате и останатите лични податоци, содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.