Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Сара Фешн – Де-Та Деја ДООЕЛ (понатаму “Ние”, “Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата www.sarafashion.mk (понатаму: ”интернет страница”). Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.
Содржината на веб-сајтот sarafashion.club е наменета за лица над 18 години. Доколку лице под 18 години ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, тие треба веднаш да ја известат Сара Фешн КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ СОБИРАМЕ
При посетата на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при користење на услугата за купување производи. Доколку го преземете ова дејство се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате. При пополнување на контакт формата на интернет страната, Де-Та Дејан ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Име
- Презиме
- Е-маил
- Телефонски број
- Домашна адреса
- Град
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Де-Та ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:
- Вашиот е-маил
Cookies / Kолачиња
За да ја направиме вашата посета на нашата веб-странa попријатна и да овозможиме употреба на одредени функции, може да користиме „колачиња“. Колачињата се мали датотеки со текст што се зачувани на вашиот терминален уред. Некои од колачињата што ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата на прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат да го препознаваме вашиот прелистувач при следната ваша посета на нашата веб страна. За поставувањето на различен тип на колачиња, претходно ќе ви биде побарана согласност. Ако колачињата не се прифатат, функционалноста на нашата веб-страница може да биде ограничена. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.
Начин на собирање на личните податоци
Податоците при вашата посета на веб-сајтот се собираат директно од Вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
За кои цели се собираат вашите податоци?
Де-Та Дејан ДООЕЛ ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:
ВРШЕЊЕ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Цел - вршење на директен маркетинг односно доставување информации за производи, промоции, новитети и понуди во нашите продавници,
Правна основа – изјава на согласност
Обработката се врши исклучиво врз основа на Ваша претходно обезбедена согласност. Согласноста се обезбедува преку пополнување на полето за весникот (newsletter), каде што ја внесувате вашата e-mail адреса и се согласувате со условите за приватниост и заштита на личните податоци.
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
Град
е-mail адреса и
телефонски број
ОНЛАЈН ПРОДАЖБА
Цел – онлајн продажба
Правна основа - исполнување на договорна обврска
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
е-mail адреса
телефонски број
Град
Начин на обработка на вашите лични податоци и рокови на чување на вашите податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Де-Та Дејан ДООЕЛ коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.Обработката на Вашите лични податоци ја врши Де-Та Дејан ДООЕЛ согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Дополнително, Де-Та Дејан ДООЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Де-Та Дејан ДООЕЛ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), Де-Та Дејан ДООЕЛ ги чува Вашите лични податоци, се до повлекување на Вашата согласност.
Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите новости, попусти и промоции. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас. Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.
При посета на нашиот веб-сајт, имате право да ја оставите својата e-mail адреса во полето “Писмо со новости” внесување на вашата e-mail адреса и со штиклирање на полето “ Ги прочитав и се согласувам со Политиката за приватност”
Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: “Unsubscribe from this list”
Или, Вашите права може да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци:
Љупчо Деспотовски
Е-маил адреса: privacy@icomply.mk
Контакт телефон: +389 70 223 813
Ваши правa
Вие како субјект на личните податоци, може да го контактирате Офицерот за заштита на личните податоци во секое време за да ги остварите вашите права. Правата кои ги имате се следниве:
- Право на информации и право на пристап на субјектот до личните податоци
- Право на исправка на неточни или нецелосно лични податоци
- Право на бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката
- Право на преносливост на податоците – право да ги добиете ваши лични податоци во стуктуриран, вообичаено користен, машински читлив формат, или да побарате да ги пренесеме тие податоци на друг контролор;
- Право на приговор против обработката на личните податоци;
- Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста во секое време и да запре обработката на личните податоци базирана на согласноста
- Право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: privacy@icomply.mk или прочитајте ја официјалната политика на следниот линк.
Давање податоци на користење на трети лица
Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.
Паренос на лични податоци во други држави
Де-Та Дејан ДООЕЛ не врши пренос на лични податоци во трети држави.
Промена на политиката на приватност од контролор
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Контакт
Доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следните електронски адреси:
Де-Та Дејан ДООЕЛ, нас. Илинден ул.34 бр.32 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон: +389 23 224 251
Е-адреса: info@sarafashion.mk
Заштита на лични податоци
Изјава за приватност при вршење видео надзор Де-Та Дејан
Изјава за приватност при вршење видео надзор Макфешн
Изјава за приватност при вршење видео надзор СФ Траде Груп
ИЗЈАВА ЗА КОНВЕРЗИЈА
Сите плаќања ќе бидат реализирани во локалната валута на Република Македонија - Денар (ден). За информативниот приказ на цените во други валути се користи средниот курс на Народната банка на Р Македонија. Износот за кој ќе биде задолжена вашата платежна картичка ќе биде изразен во локалнатa валута преку конверзија, по курсот кои го користат картичните организации, a кој нам во моментот на трансакцијата не може да ни биде познат. Како резултат на оваа конверзија постои можност за незначителна разлика од оригиналните цени наведени на нашиот сајт. Ви благодариме на разбирањето.’
ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА КОРИСНИКОТ
Де-Та Дејан Дооел ја почитува приватноста на секои посетител. Сите податоци за посетителот нема да бидат достапни на ниедно друго лице надвор од Де-Та Дејан Дооел и неговите здружени компании. Ќе се користат исклучително за маркетиншки цели на Де-Та Дејан Дооел.
Во име на ДРУШТВОТО се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните, основните податоци за купувачите/корисниците и податоците неопходни за работењето и информирањето на корисниците во склад со добрите деловни обичаи и со цел пружање квалитетна услуга. Сите податоци за корисниците/купувачите внимателно се чуваат и достапни се само за вработените на кои овие податоци им се неопходни за извршување на работата. Сите наши вработени се одговорни за почитување на начелото заа Заштита на приватноста на Купувачот.
Како поединец имате право да дознаете кои ваши податоци ги поседуваме и да ги промените доколку е неопходно. Исто така имате право да се спротивставите на понатамошното прибирање податоци. Ќе ги превземеме сите мерки како би можеле да ги исполниме вашите барања.
Со прибирање на овие податоци Де-Та Дејан Дооел го постигнува следново:
* Ви го олеснува користењето на страницата со тоа што нема да имате потреба да ги впишувате вашите податоци повеќе од еднаш.
* Ни помага да ги проследиме информациите и известувањата побргу.
* Ни помага да ви обезбедиме текстови со содржини кои се важни за вас.
* Бргу ќе можете да пронајдете услуги или информации кои ги има и ги дава Де-Та Дејан ДООЕЛ.
* Ги користиме податоците како би ја унапредиле страната.
* Да ги одредиме општите трендови во рамки на страната и нејзината употреба.
* Да ве известуваме за новите производи, посебните понуди, нови информации и други нови услуги за кои Де-Та Дејан ДООЕЛ смета дека ве интересираат.
ИЗЈАВА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ
Опис на начинот на заштита на доверливите податоци за трансакцијата:
„При плаќањето со картичка преку интернет, внесот на податоците за картичката се врши на заштитена страница на банката. Сигурноста на податоците при плаќањето со картичка, ги гарантира процесорот на платежните картички на чии страници се извршува целокупниот процес на плаќања. Ниту во еден момент друштвото Де-Та Дејан ДООЕЛ, ниту пак Банката која овозможува прифаќање на платежните картички во име и за сметка на друштвото Де-Та Дејан ДООЕЛ, нема пристап до податоците од вашата платежна картичка."
"При внесувањето на податоците од платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протоколот и PKI системот, како моментално најсовремена технологија."
Сигурноста на податоците при купувањето, ги гарантира процесорот на платежните картички, NLB банка Скопје, така што комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на банката. Ниту во еден момент податоците за платежната картичка не се достапни во нашиот систем.
Враќањето на средствата се врши исклучиво преку VISA, Maestro и Diners методата на плаќање, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на сметката на корисникот на платежната картичка.
Нашата визија за заштита на личните податоци
Личните податоци се информации кои непосредно или посредно се однесуваат или може да се однесуваат на Вашата личност. Де-Та Дејан ДООЕЛ како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци. Де-Та Дејан ДООЕЛ гарантира дека ќе ги заштитува Вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и внатрешните акти.
Во продолжение ќе ги најдете сите информации за природата и обемот на обработка на Вашите податоци од страна на Де-Та Дејан ДООЕЛ.
Цели, правна основа и категории на лични податоци што се обработуваат
Де-Та Дејан ДООЕЛ ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци законито, транспарентно и правично.
Во Де-Та Дејан ДООЕЛ се вршат следните процеси на обработка на лични податоци.
ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Цел - остварување на права и обврски од работен однос,
Правни основи - исполнување на законска обврска, исполнување на договорна обврска и изјава за согласност,
Категорија на лични податоци
Име и презиме
Адреса
Телефонски број
ЕМБГ,
Ден, месец и година на раѓање
Место на раѓање
Пол
Возраст
Вид и степен на завршено образование
Титула
Траење на работниот однос (определено или неопределено време)
Работно време (полно или скратено)
други лични податоци содржани во биографијата на вработените (Curriculum Vitae – CV).
ВРШЕЊЕ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Цел - вршење на директен маркетинг односно доставување информации за производи, промоции, новитети и понуди во нашите продавници,
Правна основа – изјава на согласност
Обработката се врши исклучиво врз основа на Ваша претходно обезбедена согласност. Согласноста се обезбедува преки следните канали: формулар кој се пополнува во нашите продавници во кој е содржана писмена изјава за согласност и е-mail.
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
е-mail адреса и
телефонски број
ОНЛАЈН ПРОДАЖБА
Цел – онлајн продажба
Правна основа - исполнување на договорна обврска
Категории на лични податоци
име и презиме
домашна адреса
е-mail адреса и
телефонски број
Ве уверуваме дека од страна на Де-Та Дејан ДООЕЛ, личните податоци не се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.
Воедно, Ве уверуваме дека Де-Та Дејан ДООЕЛ целосно го почитува начелото на минимален обем на податоци и ги собира само оние податоци кои се потребни, релевантни и ограничени за исполнување на целта заради која се обработуваат.
Рокови на чување на Вашите лични податоци
Де-Та Дејан ДООЕЛ не ги чува Вашите податоци во облик што овозможува Ваша идентификација, подолго од времето што е неопходно за остварување на целта заради која се обработуваат.
Личните податоци за вработените се чуваат во рокови утврдени со закон, односно за време на траење на работниот однос, а по престанокот на работниот однос се чуваат како документ од трајна вредност. Личните податоци на корисниците кои дале согласност за вршење на директен маркетинг се чуваат се до повлекување на согласноста. Личните податоци на онлајн купувачите се чуваат во рок од 12 месеци по завршување на купувањето.
Ако е покрената управна или судска постапка, личните податоци може да се чуваат до конечно односно правосилно завршување на постапка.
По истекот на роковите за чување, личните податоци се бришат од информацискиот систем на Де-Та Дејан ДООЕЛ или од серверите на даватели на услуги, односно се уништува хартиената документација.
Како ги чуваме и како се заштитени Вашите лични податоци?
Де-Та Дејан ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци.
Личните податоци што ги обработува Де-Та Дејан ДООЕЛ се заштитени од неовластен пристап, откривање, употреба, менување или уништување. Податоците се чуваат во нашите деловни простории и во нашиот информациски систем, но и на сервери на даватели на услуга со кои Де-Та Дејан ДООЕЛ има склучено договори со кои се осигурува дека давателите на услуги, како обработувачи на лични податоци ги почитуваат прописите за заштита на лични податоци.
Ниту Де-Та Дејан ДООЕЛ, ниту нашите даватели на услуги, нема да ги проследат Вашите податоци на користење на трети страни, освен ако за тоа има согласност од Ваша страна или постои законска обврска.
Нашите вработени се обврзани да работат во согласност со внатрешните акти за заштита на лични податоци, а и давателите на услуги имаат иста обврска, врз основа на договор за обработка на лични податоци.
Само лицата кои се овластени од страна на Де-Та Дејан ДООЕЛ имаат право да пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на нивните работни задачи или ангажман, а согласно издадените овластувања за вршење на обработка на личните податоци. Де-Та Дејан ДООЕЛ применува технички и организациски мерки за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците, соодветно на ризикот.
Секое овластено лице кое има пристап до Вашите лични податоци потпишува Изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка.
Кои се Вашите права?
Право на информирање - Имате право да бидете информирани кои податоци Де-Та Дејан ДООЕЛ ги собира за Вас, за кои цели ги обработува, колку долго ги чува и дали ги открива на трети страни.
Право на пристап – Имате право да поднесете барање за пристап до Вашите лични податоци. Ова право Ви овозможува да добиете информација за податоците кои се обработуваат за Вас.
Право на исправка и бришење – Имате право да побарате исправка или дополнување, како и бришење на Вашите лични податоци ако престанала целата заради која биле обработувани, ако сте ја повлекле согласноста за нивна обработка, ако податоците биле незаконски обработувани или повеќе не постои правна основа за нивна обработка.
Право на ограничување на обработката – Имате право да побарате ограничување на обработката на личните податоци, како алтернатива на правото на бришење на податоците, ако ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, во периодот додека Де-Та Дејан ДООЕЛ не ја потврди нивната точност, ако сметате дека обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето или ако податоците Ви се потребни за остварување на Ваши правни барања.
Право на преносливост на податоците – Имате право да ги побарате Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и истите да ги пренесете во друго друштво, без попречување од наша страна. Ова право е применливо кога се врши обработка на лични податоци врз основа на согласност или договор и кога обработката се врши со автоматизирани средства.
Право на приговор – Имате право на приговор, ако обработката на Вашите лични податоци се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг или за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели.
Право на повлекување на согласноста - Воедно, Ве информираме дека Вашата согласност за обработка на личните податоци можете да ја повлечете во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката која се вршела врз основа на согласност пред отповикувањето.
Со цел да ги остварите Вашите права, Ве молиме:
испратете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци info@sarafashion.mk
На истите адреси можете да се обратите и во врска со кое било прашање поврзано со обработката на Вашите лични податоци.
Право на пристап во согласност со член 19 од Законот за заштита на личните податоци
Во согласност со член 19 од Законот за заштита на личните податоци имате право бесплатно од нас да побарате информација за тоа дали обработуваме Ваши лични податоци, пристап до тие податоци, како и информации:
За видот на обработката;
За видот на личните податоци кои се обработуваат;
За корисниците или категориите на корисници на кои се откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисниците во трети земји или меѓународни организации;
За предвидениот рок за кој ќе се чуваат личните податоци, а ако тоа не е возможно, критериумите што се користат за одредување на тој период;
За постоењето на право да се бара од страна на контролорот (Де-Та Дејан ДООЕЛ) исправка или бришење на личните податоци; право на ограничување на обработката на личните податоци поврзани со субјектот на личните податоци и право на приговор против таквата обработка; право да се поднесе барање до државниот орган (Агенцијата за заштита на личните податоци); за изворот на лични податоци (достапни информации), ако личните податоци не се обезбедени од лицата на кои се однесуваат (од Вас); за поестоење на постапка за автоматизирано донесување на одлука, вклучувајќи профилирање од член 26 став 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци, и во тие случаи, неопходни информации за логиката која при тоа се користи, како и за важноста и очекуваните последици на таа обработка за лицето на кое податоците се однесуваат (на Вас).
Ако личните податоци се пренесуваат во друга држава или меѓународна организација, имате право да бидете информирани за соодветните мерки на заштита кои се однесуваат на пренесување, во согласност со член 50 од Законот за заштита на личните податоци.
Право на исправка во согласност со член 20 од Законот за заштита на личните податоци
Право на исправка во согласност со член 20 од Законот за заштита на личните податоци имате право да барате да Вашите неточни лични податоци, без непотребно одложување, бидат исправени. Во зависност од видот на обработката, имате право да своите непотполни лични податоци да ги дополните, што вклучува и давање на дополнителни изјави.
Право на бришење во согласност со член 21 од Законот за заштита на личните податоци
Имате правода барате Вашите лични податоци да се избришат од наша страна во следните случаи:
Личните податоци веќе не се неопходни за остварување на целта поради која се собрани или обработени на друг начин;
Доколку сте ја повлекле согласноста врз основа на која се вршела обработката, во согласност со член 10, став (1), точка 1 или член 13 став (2), точка 2 од Законот за заштита на личните податоци, а нема друга правна основа за обработка;
Кога ќе поднесете приговор на обработката согласно член 25, став 1 или 2 од Законот за заштита на личните податоци, а нема друга правна основа за обработка којапреовладува над легитимниот интерес , правото или слободата на лицето на кое се однесуваат податоците;
Личните податоци незаконски се обработени;
Личните податоци мора да бидат избришани со цел извршување на нашите законски обврски;
Личните податоци се собрани во врска со користење на услуги на информатичкото општествоод член 12, став 1 од Законот за заштита на лични податоци;
Доколку сме обвјавиле јавно лични податоци и доколку сме должни да ги избришеме податоците, ние ќе ги превземеме сите разумни мерки, вклучително и технички мерки, во согласност со достапните технологии и можности за покривање на трошоците за нивна употреба, со цел известување на други контролери кои тие податоци ги обработуваат, дека сме поднеле барање за бришење на сите копии на податоци и барања, односно електронски врски со тие податоци.
Право на ограничување на обработката во согласност со член 22 од Законот за заштита на личните податоци
Имате право да барате да ја ограничиме обработката на Вашите лични податоци доколку е исполнет еден од следниве услови:
Ја оспорувате точноста на личните податоци, во рок кој ни овозможува проверка на точноста на личните податоци;
Обработката е незаконска, но не дозволувате бришење на личните податоци и наместо бришење барате ограничена употреба на податоците;
На контролерот не му се потребни повеќе личните податоци за остварување на целта на обработката, но Вас Ви се потребни со цел поднесување, остварување или одбрана на правно барање; или
Имате поднесено приговор на обработката во согласност со член 25, став 1 или 2 од Законот за заштита на личните податоци, а во тек е проценка дали правната основа за обработка од страна на контролерот ги надминува Вашите интереси.
Право на преносливост на податоците во согласност со член 24 од Законот за заштита на личните податоци
Имате право да Вашите лични податоци, кои претходно сте ни ги доставиле, ги примите во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма и имате право да тие податоци ги пренесете на друг контролор без проблем од наша страна, ако кумулативно се исполнети следниве услови:
Обработката е заснована на согласност во рамките на член со 10, став (1), точка 1 или член 13 став (2), точка 2 од Законот за заштита на личните податоци или врз основа на договор, во согласност со член 10, став (1), точка 2 од истиот закон; обработката се врши автоматизирано.
Ова право го опфаќа и правото да Вашите лични податоци бидат непосредно пренесени на друг контролор директно од наша страна, под услов да е тоа технички изводливо.
Право на приговор во согласност со член 25 од Законот за заштита на личните податоци
Под условите од член 25 став 1 од Законот за заштита на личните податоци, обработката на податоците може да биде предмет на приговор од причини кои зависат од вашата конкретна ситуација.
Доколку сметате дека е тоа оправдано во однос на посебната ситуација во која се наоѓате, имате право во секој момент до контролорот (Де-Та Дејан ДООЕЛ) да поднесете приговор на обработката на Вашите лични податоци, која се врши во согласност со на член со 10, став (1), точка 6 од Законот за заштита на личните податоци, во кој случај ние сме должни да прекинеме со обработка на Вашите податоци, освен во случај ако постојат законски причини за обработка кои ги надминуваат интересите, правата или слободата на лицата на кои се однесуваат податоците или се во врска со доставување, остварување или одбрана на правното барање.
Право на поднесување барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на Де-Та Дејан ДООЕЛ, не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци. Барањето можете да го преземете на следниот линк: https://www.dzlp.mk/sites/default/files/u4/baranje_za_utvrduvanje_na_prekrsuvanje_na_zzlp.do
Оваа Информација за обработка на личните податоци повремено може да се менува.
Де-Та Дејан ДООЕЛ ќе постави ажурирана верзија на Информацијата за обработка на личните податоци на оваа страница.
Датум на поставување на Информацијата или последна измена: 01.02.2022 година, Скопје