Search
Filters

Makmoda & SF: Ти треба идеја за подарок за 8ми март?

Sunday, March 3, 2019

8-ми март, денот на жената, денот на изедначување на нејзините права, денот на нејзината храброст! Овој празник се слави уште од почетокот на 20-от век, каде со голем број на протести било побарано вреднување на правата на жените во споредба со мажите, примарно на политички, економски и социјален план.

Сега со задоволство го издвојуваме овој ден од годината каде ги празнуваме жените и нивната важност. Мал знак на внимание, честитка, цвеќе, подарок, убав збор се обележје на овој празник, а ние ви претставуваме неколку интересни идеи за вашите подароци. Она што најмногу треба да ве инспирира за одлуката за типот на подарок е личноста, нејзиниот карактер, желби.. но најважно е вашето признание што таа значи за вас! Пораките и честитките ги препуштаме да ги испишете или кажете вие, за да бидат искрени и свои, а за подароците погледнете ги нашите топ 3 предлози:

#1 - Пижами или долна облека– подарете мекост и нежност. Разиграни бои, едноставност во дизајнот, со куси ракави или ноќници, изборот е ваш! Доколку се одлучите за долна облека може да изберете романтична тантела или меки маички и килоти кои ќе ги обожжува.

Penti Градник "Berry" - 750 ден.                                               
Penti Килоти "Berry" - 310 ден.
Penti Ноќница "Sleepy Lover" - 1.810 ден.


Penti Боди "Felicity" - 1.240 ден.
Penti Градник "Laluce" - 860 ден.
Penti Килоти "Laluce" - 370 ден.

Sara Fashion боди – 890 ден.

Sara Fashion килоти – 195 ден.
Sara Fashion градник – 310 ден.

 

#2 - Хулахопки или чорапи – трендот на шаренила од бои на вашите стапала зошто да не биде и подарокот по кој трагате? Уникатни и единствени. Женски чорапи кои може да бидат тенки и да се комбинираат со пролетните патики или салонки за впечатлив изглед, или памучни во кои удобно ќе чекорат. Но, не заборавајте, можете да подарите и дезенирани хулахопки кои се вистински тренд и оваа пролет. Да споменеме, дека и вие треба да изгледате и се чувствуате удобно и убаво за време на празнувањето, па така подновете се со функционални хулахопки со мидер или затегнувачи за вистински ефект.

 

Penti Хулахопки "Nostalji Love" - 250 ден.                               
Penti "Pop Up" Хулахопки со Мидер – 320 ден. 

Sara Fashion "Pink Collection"сет од 3 пара чорапи  – 109 ден. 

#3 - Вредносни gift ваучери – се уште не сте се одучиле што да купите? Одберете тренд кој навистина е функционален и корисен за двете страни. Купете вредносен ваучер од нејзиниот омилен бренд за долна облека и препуштете сама да го одбере совршениот подарок .. и вие би посакале исто.😊

 

Sara Fashion Вредносни ваучери од 500 и 1.000 ден.

 

Девојки и жени! Одберете го совршениот подарок, додадете среќа и прославете ја храборста! Среќен 8ми Март!

 

Leave your comment