Пребарување
Filters

Friday & SF | Моден водич: Што треба да носи еден маж на плажа?

четврток, 13 јуни 2019

Веќе сме длабоко навлезени во подготовките за летото, па време е да се мисли каков вид на костим за капење да одбереме за оваа сезона.

Кога се во прашање летните трендови кај мажите, постојат безброј опции како да бидете впечатливи додека сте на плажа. За еден маж да биде комплетен, мора да изгледа добро во секоја пригода. Од работни обврски, вечерни излегувања па се до летните денови поминати покрај море. Токму затоа, денеска подетално ќе ви ја претставиме новата машка колекција на костими за капење од брендот Сара Фешн кој што ни ги донесе најновите трендови од машкиот летен стил.

Јасни бои

Принтовите се забавни, но јаките бои се безвременски. Во новата машка колекција на костими за капење од брендот Сара Фешн може да се најдат впечатливи еднобојни шорцеви со кои што дефинитивно ќе бидете забележани.



Цветни принтови

Флоралните принтови ќе не забавуваат и оваа пролет, што е сосема очекувано со оглед на нивната долгорочна популарност во модната индустрија. Моќта на цветните принтови не може да се исфрли во текот на летниот период. Квалитетниот цветен принт секогаш е добар избор. Па така цветниот мотив ќе биде аплициран и на дел од новата колекција на костими за капење кај мажите.



Стил на боксерки

Овие тип на костим за капење е цврсто обликуван со впечатливи ногавици и се носи ниско на колковите. Оваа сезона треба да обрнете внимание на шарените принтови бидејќи тие се во тренд. Ваков тип на костим за капење одбираат оние помалку конзервативните и традиционалните мажи. Многу е важен правилниот избор на костим за капење. Кога се купува вавков тип на костим пред да ги следите модните трендови, посветете внимание на дизајнот и дали е тој „скроен“ за вашето тело.


 

Слип модел

 

Слип костимите за капење повторно се враќаат во мода и ќе бидат тренд ова лето. Во новата колекција на Сара Фешн може да се видат неколку различни бои од моделите кои се направени од удобни материјали идеални за да се чуствувате комотно додека уживате на плажа. Практични се и едноставни.



Освен овие модели кои што ви ги прикажавме, во новата колекција на Сара Фешн има шорц костим за капење со симетрични и асиметрични форми кои се карактеризираат со чисти линии и силни бои. Асиметричните дизајни секогаш го привлекувааат вниманието.




 




 

Оставете коментар