Пребарување
Filters

20 години Sara Fashion | Најдобрите попусти до -50% !!!

понеделник, 26 август 2019

 

Со огромна радост и чест ви го најавуваме јубилејниот роденден на Сара Фешн!
20 години постоење, 20 години мода достапна за секого.

 По тој повод, започнува веќе познатата и долго очекувана роденденска SF акција. Брендот Сара Фешн ве поканува сите вас на најголемите попусти во досегашните 20 години работа. Попустите до -50% почнуваат од денес, 26ти август и траат до 15ти септември, а количините се ограничени.


- “20 години создаваме квалитет за нашите купувачи и 20 години сме со нив секој ден. Роденденот се слави со пријатели, роднини, блиски лица кои ги сакаме. Како и минатите години, така и оваа, со задоволство решивме нашите најблиски, нашите потрошувачи да ги почестиме со супер роденденски попусти! Поканети сте сите, во секоја продавница на Сара Фешн во Македонија и Србија, како и онлајн на www.sarafashion.mk да се забавуваме и шопингуваме заедно! Роденденски можете да се подновите со нова долна облека, пижами, маици, килоти, градници, боксерки, или пак да одберете од понудата на хулахопки и чорапи. Секако, неизбежниот дел се и костимите за капење и акцесарите, а целата понуда е достапна за жени и мажи за сите возрасти. Среќни сме што славиме заедно со најдобрите попусти досега! – изјавија од менаџментот на Сара Фешн, ДеТа ДООЕЛ.

 
За време на роденденската акција можете да одберете производи со одлични цени започнувајќи од: 3 пара чорапи за 79 денари, детски чорапи 3 пара за 59 денари, стапалки со цени од 29 денари, доколенки од 25 денари, хулахопки од 59 денари за жени и од 99 денари за деца, потоа понудата има и градници од 145 денари, боксерки од 109 денари, килоти од 55 денари, маици од 158 денари, ноќници од 499 денари, сет пижами од 590 денари, а колекцијата костими за капење е со цени намалени од -40% и -50%. Акцијата ги опфаќа брендовите кои можете да ги пронајдете во продавниците на Сара Фешн: SF, Red Star, Penti, Pompea и NBB.

Следете ги нашите профили на фејсбук и инстаграм, за сите детални информации.

20 години квалитет. 20 години со вас.
Сара Фешн, мода достапна за секого.

Оставете коментар