Пребарување
Filters

ТРЕНД ХУЛАХОПКИ | Makmoda & SF: одбери дизајн и впечатливо прошетај низ пролетта

понеделник, 04 март 2019

Доаѓа пролет. Сонцето силно грее. Ластовичките се враќат во топлите краишта. Ние? Ние сакаме да ги оставиме јакните, џемперите и чизмите во плакарот бидејки дојде време за фустанчиња, здолништа и хулахопки!!

Пролетта е совршено време за да си поиграте со боите, дизајните и да внесете уникатност во својот изглед. Како? Облечете го омиленото модно парче за овие топли денови, но додадете впечатливи хулахопки! Успешна комбинација која дава чувство на посебна моќ и уникатност..  Погледнете како на брз и лесен начин со хулахопки во разновидни принтови и мотиви ќе постигнете кул изглед и секако, супер фотки за социјалните медиуми.

 

ПРЕДЛОГ 1 – Суптилно, но впечатливо

За вечерните излегувања кога сакате да постигнете елегантен изглед, искомбинирајте ги хулахопките со минималистички принтови. Линии на задниот дел на ногата или пак цветови во форма на тантела на станичните делови се навистина полн погодок. Доколку сте љубител на тетоважите, а се уште не сте се тетовирале со радост прифатете го овој хит тренд за 2019 – хулахопки со дискретен принт на исцртана тетоважа.

 

ПРЕДЛОГ 2 – Шаренила од принтови

Точки, неправилни форми, цветови, срциња, ѕвезди.. има многу видови на хулахопки кои може да ги икористите кога одите на инересни забави, попладневни средби со пријателите во блиското кафуле или секој миг кога сакате да внесете разиграност во изгледот. Бидете храбри и искобинирајте ги со точкести материјали, металик здолништа или секогаш едноставната но сигурна, црна-класика.

 

ПРЕДЛОГ 3 – Две во едно

Одличен предлог оние кои сакаат да искомбинираат хулахопки и кул чорапи во исто време. Може да одберете дизајни со изглед на чорапи над колена кои би ги искомбинирале со кратки фустанчиња, или дизајн на чорапи над глуждот кои се вистински хит за оваа сезона. Дополнително, овие хулахопки може да ги искобинирате на високи и ниски чевли или патики што ја зголемува можноста за комбинации и аутфити.

 

ПРЕДЛОГ 4 – Шик дизајни за кул изглед

Кога сакате да облечете нешто кое се разликува од секојдневното носење на хулахопки, одберете шик дизајни кои ќе постигнат кул изглед. Се заљубивме во големите точки во две бои и во сирена шарите. Можете да ги искомбинирате за дневни излегувања на топлото сонце во паркот, или за саботните забави во ноќните клубови.

 

Играј со шарите оваа пролет. Биди ти.

Кој ќе биде твојот избор за впечатлива и разиграна пролет?

Оставете коментар