Пребарување
Filters

За нас

Друштвото Де-Та постои од 1999 година и е сопственик на ланецот продавници Sara Fashion. Компанијата  Sara Fashion е семејна компанија за продажба на чорапи, долна облека, пижами, костими за капење, и модни додатоци.Основана пред 18 години, а која сеуште работи со истиот ентузијазам и љубов, со постојано вложување и едукација на своите кадри, како и постојано проширување на своето портфолио на производи. Денес може да се каже дека компанијата прерасна во една од најголемите македонски компании во својата област, со повеќе од 200 вработени, и се состои од над 60 продажни места во Македонија и Србија.

Исто така Де-Та располага со четири магацини за големопродажба, од кои два во Скопје и по еден во Битола и Белград од каде се врши достава на производите низ целата територија на Република Македонија и Република Србија.

Покрај сопствениот бренд, Де-Та е ексклузивен застапник на повеќе светски признати брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.

Во 2007 година, Де-Та започна и со производство на памучни чорапи,формирајќи го брендот Red Star, кој моментално брои над педесет различни производи.