Пребарување
Filters

Брендови

 

СОПСТВЕНИ БРЕНДОВИ
 

ДЕ-ТА располага со три сопствени бренда:

 

Ред Стар -бренд за памучен програм на женски, машки и детски чорапи, како и за машка долна облека.

Тамара - бренд за женски и детски класичен и моден програм на хулахопки, долна облека и костими за капење

СФ - бренд за машки,женски и детски програм на чорапи,долна облека и костими за капење

  

ДРУГИ БРЕНДОВИ

Во асортиман на Де-Та се застапени многу производи од познатите брендови MATEKS, SARA KOLANT, PENTI, MILANO SOCKS, NBB, POMPEA, DONELLA и многу други.

 

PENTI

Де-Та е генерален застапник, увозник и дистрибутер на најголемиот турски бренд за хулахопки и чорапи - Penti.

Има специјализирани продавници за продажба на производи од овој бренд кои се наоѓаат во Скопје, Битола, Охрид и Тетово.

Асортиманот на Penti за големопродажба може да се најде во магацините на ДЕ-ТА.

 

MATEKS

Де-Та е генерален и единствен увозник и дистрибутер за најголемиот српски бренд за чорапи и хулахопки Мateks лоциран во Суботица.

Мateks е фабрика за производство на женски чорапи и хулахопки каде што секоја година се добиваат производи кои со своите карактеристики и квалитети парираат на сите останати производители,како на домашниот, така и на странскиот пазар.

  

SARA KOLANT

Де-Та е дистрибутер за целиот асортиман на производи на македонскиот бренд за чорапи и хулахопки Sara Kolant. Во нивната палета на производи може да се најдат артикли со висок квалитет од класичниот и модниот програм.

Од домашните производители, Sara Kolant е наш најголем добавувач.

 

MILANO SOCKS

Де-Та е увозник и дистрибутер на турскиот бренд за машки,женски и детски чорапи - Milano Socks . Производите на Milano се произведени со софистицирана компјутерска опрема кои нудат највисок квалитет и достапни цени ,како на домашниот, така и на странскиот пазар.

 

NBB

Де-Та е генерален застапник и увозник на еден од поголемите турски брендови за долна облека и костими за капење - NBB. 

Има специјализирана продавница за продажба на овие производи од овој бренд кој се наоѓа во Скопје.

Асортиманот на NBB за големопродажба може да се најде во магацините на Де-Та.

 

POMPEA

Де-Та е увозник и дистрибутер на италијанскиот бренд за долна облека и хулахопки - Pompea.  Во нивната палета на производи можат да се најдат производи со врвен квалитет и дизајн што се во чекор со светските модни трендови.

  

DONELLA

Де-Та е главен застапник,увозник и дистрибутер на турскиот бренд за долна облека-Donella. Нивниот успех се должи пред се на тоа штонивните производисе произведени со софистицирана опрема и висок степен на технологија кои нудат висок квалитет и цени кои се достапни за секого. Donella е еден од најголемите извезувачи на долна облека, извезуваат во повеќе од 80 земји,а секоја година имаат по најмалку една нова земја со кој ја прошируваат соработката.