Search
Filters

Shipping

Рок на испорака

Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на производи, нарачката ќе започне да се подготвува истиот ден. Сите нарачки што ќе бидат потврдени до 16:00 часот, ќе бидат подготвени и испратени следниот ден, а сите нарачки што ќе бидат потврдени после 16:00 часот, автоматски ќе бидат префрлени за подготовка за ден потоа.

Работното време на нашиот продавач е од 8 до 16 часот во текот на неделата. Од моментот на вашата потврда на нарачката, рокот на испорака е од 2 до 3 работни дена, несметајќи ги викендите и празниците. Сите нарачки што ќе бидат направени во петок после 16:00 часот или за време на викенд, ќе бидат подготвени во почетокот на наредната недела.

 

Превземање на пратките

Куриротја  доставува пратката до одредената адреса на купувачот во рок од 24 до 48 часа. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата што ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш телефонски ќе Ве исконтактира на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката. На тој начин ќе можете да се договорите за нов термин на испорака во текот на следниот ден. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде, тогаш пратката ќе биде вратена кај нас. Откако истата ќе ја добиеме ќе Ве исконтактираме за причината за неподигнување на нарачката, со можност повторно да се договориме за ново испраќање.

 

Цена на испорака

Минимална вредност за бесплатна доставаза сите производи нарачани онлајн од sarafashion.mk е 800 МКД.За вредност помала од 800 МКД се наплаќа по одредени тарифи зависно од местото на живеење.

Тарифни пакети:

-          Тарифа 1: Сите градови до/на регионален пат со достава до 48 часа – 130 МКД

-          Тарифа 2: До 2 км оддалечени од регионален пат со достава до 48 часа – 150 МКД

-          Тарифа 3: Над 2 км оддалечени од регионален пат со достава од 48 до 72 часа – 200 МКД

* Тарифа 2 ја опфаќаат сите рурални населени места до 2 км од регионален пат и градовите кои се вон регионалните рути, и тоа: Македонски Брод, Дојран, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Малешевија, Дебар, Ресен, Крушево, Демир Хисар.

* Тарифа 3 ја опфаќаат сите рурални места над 2 км од регионален пат.