Search
Filters

Buying method

Купување преку sarafashion.mk

 

Купувањето преку sarafashion.mk се прави со клик на копчето “Регистрирај се” и со едноставно потполнување на формуларот со лични податоци. По Регистрацијата со клик на копчето “Најава”,вие се најавувате со вашата емаил адреса и со вашата лозинка што значи дека вие веќе имате формирано сметка на sarafashion.mk каде што ќе можете да купувате побрзо и да ги следите сите ваши нарачки. Потрошувачот ќе може во истиот момент да види дали го има производот на залиха, така што нарачката би се одвивала непречено.Нарачката се прави така што од кога ќе се најавите потребно е да го најдете производот кој го посакувате и да го “додадете во кошничка” и потоа во десниот горен агол да ја отворите вашата кошничка и да ја чекирате вашата нарачка така што панелот ќе ве однесе на страницата каде што мора да ги внесете вашите податоци,име и презиме,адреса и емаил,да ја потврдите испораката и да го определите начинот на плаќање за да може да ви биде испорачан производот. По извршената нарачка, на потрошувачот најдоцна во рок од 2 до 3 дена ќе му биде доставена пратката со производи,несметајки ги викендите и празниците.

 

Во рамки на своите заложби за заштита на правата на потрошувачите, како и унапредување на довербата во онлајн трговијата,Sara Fashion на корисниците како купувачи им ги гарантира следните права:

  • Право на враќање на производот во рок од 15 дена од приемот, во случај истиот да има недостаток или да не одговара на описот објавен за него на sarafashion.mk, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за враќањето ќе ги сноси продавачот и
  • Право на замена на производот во рок од 15 дена од приемот во случај истиот да има соодветен квалитет, но да да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси купувачот.

Можностите за враќање и замена ќе можат да се остварат само и единствено доколку производот биде вратен неупотребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и задолжителна фискална сметкa која на купувачот му била дадена заедно со производот.